Во деловите на централна Русија кои се мачат со сиромаштијата добредојдено дополнување на домашните буџети претставува продажбата на природно руса коса, за која владее огромна побарувачка во САД и Европа. Алексеј Кузнецов, еден од трговците со златната коса изјавил дека ова го нема никој на светот освен Русија. Купувачи на косата се воглавно ситни руски и украински препродавачи, кои на жените им плаќаат релативно ниски цени, а потоа „стоката“ ја продаваат на преработувачи во својата земја по повисока цена, а овие понатаму на домашниот и светскиот пазар.
Понудата на темна коса од Индија и Кина е релативно голема, но природно русата коса достигнува поголема цена бидејќи е ретка, а и лесно може да се обои во други нијанси. Се проценува дека само во САД на пазарот на овој производ се трошат 250 илјади долари годишно, а просечната цена за надградба на косата со руси прамени изнесува 400 долари.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com