Иливески кој ја изведе песната „Русинка“ не се пласира помеѓу првите десет во втората полуфинална вечер, кои го продолжија престојот во Дизелдорф, кој е домаќин на годинешниов Евросонг.
„Русинка“ не обезбеди пласман во финалето на Евросонг
Во финалето што ќе се одржи во сабота се пласираа Естонија, Романија, Молдавија, Ирска, БиХ, Данска, Австрија, Украина, Словенија и Шведска.
Ова е четврти неуспешен обид по ред македонските претставници да изборат пласман во големото финале на Евросонг.