Кога на Димитри Аргарков му пристигнало писмо од “Tinkoff Credit Systems” во кое се наоѓало барање за кредитна картица тој одлучил да ги промени условите и да го прати барањето до банката.
Четириесетидве годишниот русин го скенирал барањето и ги променил уловите па така во изменетиот договор стоело дека каматата на картицата ќе биде 0%, ќе нема месечни трошоци за никоја од услугите на банката и лимитот на картицата ќе биде непостоечки. Исто така во новото барање стоело дека ако банката не се води по новите услови ќе треба да му исплати казна од $91.326 долари.
Од “Tinkoff Credit Systems” без да го прочитаат барањето му ја одобриле картицата и за неколку дена ја испратиле до Димитри.
Откако грешката била увидена случајот бил даден на суд каде Димитри Аргарков ја тужи банката за непочитување и раскинување на договор и бара голема оштета, додека “Tinkoff Credit Systems” го оптужуваат за измама.