Епилогот на правната битка на Дмитриј и Елена Робовљеви конечно дошол после цели шест години. Богаташот кој живее во Монако, мора да и плати 3,29 милијарди долари на својата поранешна сопруга од Женева, пресудил швајцарскиот суд. Адвокатот на Елена Рибовљева, Марк Бона, рекол дека тоа е најскапиот развод во историјата и најавил жалба.
Неговата клиентка барала околу 4,4 милијарди евра од поранешниот сопруг, кого го нарекуваат крал на ѓубривото. Рибовљев според своето богатство е на 79. место на светот. Форбс проценува дека неговиот имот вреди околу 6,4 милијарди евра. Од 2011 година сопственик е на фудбалскиот клуб Монако.