Трагедија му се случила на еден од учесниците на натпревар во јадење палачинки, во градот Черњаковску, во рускиот Калињинград. Ни повеќе, ни помалку, победникот на тој натпревар изел 43 палачинки, но умрел додека се качувал на бината за да ја прими наградата.


Несреќниот Борис Изајев, бил најдобриот натпреварувач, бидејќи не само што победил, туку од масата ги изел сите палачинки кои жирито ги ставило пред натпреварувачите.

Неговата љубов кон палачинките, на крај го чинела живот. Сведоците на настанот кажуваат дека качувајќи се на бината да ја прими наградата, паднал на колена и почнал да се гуши, и пена му излегувала од устата. Обидите за спасување не успеале.Телото е предадено на обдукција.