Еден 39-годишен Русин успеал да испие осум шишиња водка и да остане жив. Павел Кондратјев во крвта имал количина алкохол два пати поголема од смртоносната. Пијаниот онесвестен Павел го пронашла полицијата како лежи на улица во Екатеринбург. Лекарите најпрво мислеле дека човекот е во несвест поради удар во главата, но подоцна утврдиле дека се работи за вишок на алкохол.
Еден од докторите рекол дека кога ја тестирале крвта останале без зборови. Претпоставуваат дека Павел преживеал поради својата конституција, висок два метри и тежок преку 100 килограми. Моментално се наоѓа во болница каде се опоравува од труењето. Сеуште не може да се сети каде успеал да испие толку водка.