Рускиот мултимилијардер Владимир Доронин (46) и манекенката Наоми Кемпбел (38) се во врска неколку недели, а Русинот се труди  на Наоми да и ја исполни секоја желба. Манекенката неодамна изјавила дека во Бразил се чувствува како дома.


На Владимир не му требало многу па и купил луксузна галерија во Сао Паоло за околу 14 милиони евра. Наоми е често во Јужна Америка бидејќи учествува во неколку хуманитарни проекти, а и се допаѓа тоа што таму не го обвинуваат нејзиното недолично однесување. Имено, на своите блиски пријатели им се доверила дека мисли дека Владимир е тој што го чекала.