Руската армија започна воена интервенција во Сирија против Исламската држава, јавуваат светските агенции. Според дипломатски извори, Русија веќе подигнала воен камп во Сирија, а во наредниот период се подготвува во базите на сириската армија лојална на претседателот Башар Ал Асад да распореди неколку илјади војници, како и авиони, логистичка опрема и техничари, пишува израелскиот печат.

Истиот извор наведува дека Кремељ нема офанзивни намери кон Израел и другите соседи на Сирија туку целта ќе биде елиминирање на  Исламската држава. Неодамна Русија и Иран донеле стратешка одлука дека ќе направат се да го спречат ширењето на џихадистите во поранешните советски републики со домонантно муслиманско население.

Дипломатски извори уште наведуваат дека САД се запознаени за намерите на Русија и дека акцијата е поддржана од Белата куќа, иако Вашингтон и Москва имаат различни интереси во Сирија. Имено, САД ги поддржуваат бунтовниците во Сирија кои исто така се борат против Исламската држава, но и за соборување на Башар Ал Асад, додека Русија безрезервно го поддржува актуелниот претседател на Сирија.

Г.М.