До Руската државна Дума упатен е на разгледување предлог закон за потполна забрана за продажба на алхол во пластична амбалажа од 2016 година, пренесува агенцијата Тас. Предлог сојузниот закон, како што се наведува во образложението, би требало да стартува на 1 јануари 2016 година.
Со него се предвидува забрана за производство и трговија, вклучувајќи и малопродажна, на алкохолни производи во пластични садови или во пластична амбалажа во целост изработена од полиетилен, полиетилен терефтал, полистирен и други полимерни материјали. Моментално на разгледување во руската Дума се наоѓа предлог закон кој предвидува постепено ограничување на продажбата и производството на алкохол во пластична амбалажа.