Руските богаташи сакаат да патуваат во странските земји и таму да трошат големa сумa пари, а наскоро тоа ќе можат да го прават и во својата земја. Русија објави план за изградба на вештачки остров наменет за луксузен туризам што ќе биде сместен во Црно Море. Изградбата која ќе трае шест години, би требало да започне за неколку месеци.
Проектот е наречен „Остров на федерацијата“ и ќе чини 6 милијарди долари. Неговата површина ќе биде 350 хектари, а посетителите ќе можат да уживаат во неколку хотели, две марини, воден парк и луксузни вили.
Низ островот ќе тече вештачка река, а ќе бидат изградени и вештачки водопади. Сличен остров веќе се гради и во Арапските Емирати.
Водителите на проектот тврдат дека веќе има голем интерес за купување на објекти на островот, што не треба да зачудува бидејќи Русија е на второ место во светот по бројот на милијардери.