Москва спречи обнова на мандатот на комисијата за истрагата околу користењето на хемиско оружје во Сирија, искористувајќи го правото на вето во Советот за безбедност на ОН.Во Советот за безбедност се гласаше за тоа дали ќе биде продолжена меѓународната истрага за нападот со хемиско оружје во Сирија.

Мандатот на истражното тело, кое го формираа ОН и Организацијата за забрана на хемиското оружје, истекува во средината на ноември.Кина остана воздржана, а против обвновување на истрагата беше и непостојаната членка на Советот за безбедност, Боливија.

САД соопштија дека се многу разочарани со одлуката на Русија да употреби вето.

OhridNews

Макфакс