НАСА соопшти дека Русија, САД и Кина се одговорни за најголем дел на вселенскиот отпад што се наоѓа во орбитата на Земјата, пренесе агенцијата ТАСС.

НАСА информира дека за 6.501 парче отпад е одговорна Русија, а следат САД со 6.017 и Кина со 3.801.

Останатите земји имаат занемарлив придонес.

Руските научници претходно предупредија дека светската вселенска индустрија би можела да се соочи со застој во рок од еден или два века доколку не биде решен проблемот со отпадот во орбитата.

OhridNews
извор: „Макфакс“