Кошаркарската репрезентација на Македонија, во Литванија го одработува вториот дел од подготовките за настап на предолимпискиот турнир, кој ќе се одржи во Каракас, Венецуела.

Кошаркарските репрезентативци, попладнево (17.30 Канал 5), ќе го одиграат првиот од серијата подготвителни натпревари, преку кои селекторот Марјан Лазовски ќе ја темпира формата за настап на турнирот во Венецуела.

Македонија, во реприза на мечот за третото место од последното Европско првенство, за противник ќе ја има Русија.

Во сабота противник на Македонија ќе биде Литванија.