Владејачката партија Единствена Русија на претседателот Владимир Путин е уште еднаш голем победник на парламентарните избори кои се одржаа денеска, според излезните анкети, но се забележува дека одѕивот на гласачите е понизок, јавува „Макфакс“.
Единствена Русија освоила 44,5 отсто од гласовите, за разлика од 49 отсто на парламентарните избори во 2011 година. Според излезната анкета на институтот ВЦИОМ, Либерално демократската партија (ЛДПР) од крајната десница освоила 15,3 отсто, што е за 4 процентни поени подобро од пред пет години, а Комунистичката партија на Русија освоила 14,9 отсто што е помали за 5 отсто. На четврто место е Справедлива Русија со 8,1 отсто од гласовите.
Во излезните анкети на другите институт, како ФОМ и Левада центарот, главно постојат разлики во освоените проценти и борбата за втората позиција, но уверливата победа на Единствена Русија не е оспорена. Конечните резултати се очекуваат најдоцна во понеделникот утрото.
Кандидатите на Единствена Русија бројно надмоќно водат и во трката за другата половина од местата во Државната дума, долниот дом на русиот парламент. Имено ова се први избори кои ќе се одржат според новиот изборен систем, кој стапи на сила во 2014 година. Половината од 450-те пратеници се избираат преку партиски листи, а другата половина непосредно.
„Можеме отворено да кажеме дека нашата партија победи“, изјави пред телевизиските камери челникот на Единствена Русија и премиер Дмитриј Медведев, кој беше носител на партиската листа.
Претседателот Владимир Путин, кој беше покрај Медведев, изрази задоволство од „добриот резултат“ на партијата, иако одѕивот „не беше меѓу највисоките, но сепак беше добар“. Путин оцени дека овие избори се важни, бидејќи се последни национални избори пред претседателските во 2018 година, на коишто најверојатно, во што никој во Русија и надвор од неа не се сомнева, тој повторно ќе се кандидира за четвртиот мандат, со паузата кога беше премиер.
Путин притоа оцени дека „резултатите од изборите покажуваат за растечката политичка зрелост на Русите. „Луѓето ја гледаат желбата на Единствена Русија за постигнување резултати и ѝ ја даваат довербата“, додаде претседателот.
Медиумите сепак ја истакнуваат слабата излезност, па прават споредба дека Централната изборна омисија во 18 часот по локално време соопшти дека одѕивот на гласачите бил 40 отсто, додека пред пет години изнесувал 51 отсто.
Првичните оцени на набљудувачите и на изборната комисија се дека изборите се одвивале без нарушувања, освен што на големиот број руски гласачи во Украина им било оневозможено да гласаат во многуте руски дипломатски мисии во соседната земја.
Поради обвинувањата од слабата опозиција поддржана од Западот во 2011-та, овојпат беа донесени прописи и закони за поголема транспарентност на изборниот процес. Така, работата на изборната комисија беше пренесувана директно константно на државната телевизија, на која се зборуваше и за можната измама како што е ткн „затрупување“ на избирачките кутии со ливчиња.
Опозициските партии кои се означуваат како либерални на кои со симпатии е гледа на Западот и се остри противници на начинот на кој Путин ја води Русија, не успеаја да го минат изборниот праг од 5 отсто, кој за овие избори во настојувањата на Москва да го демократизира изборниот процес беше симнат од поранешните 7 проценти.
Сепак, иако изборите се одржаа во неповолна атмосфера за владејачката партија, бидејќи руската економија е во рецесија од крајот на 2014 година, а економската криза е најдолгата од 2003 година, како и дека руската економија, која инаку силно се потпира на извозот на енергија, во моментов минува низ најдлабоката рецесија во последните 16 години, или откако на власт дојде Владимир Путин, поради ниските цени на пазарот и западните санкции воведен поради наводната улога на Русија во судирите во Украина и куповната моќ на просечниот Русин е во опаѓање во контекстот на слабеењето на руската рубља којашто од 2013 година загуби речиси половина од вредноста, резултатите покажаа дури и зголемена поддрша на Русите за политиките на Путин.
Имено, непосредно пред изборите популарноста на претседателот Владимир Путин во земјата се движи околу 80 отсто и покрај најдолгата рецесија во текот на неговите 16 години на челните позиции во Русија, додеа во 2013 година овој параметар се движеше околу 60 отсто,, а се смета дека неговиот подем започна по присоединувањето на Крим.
OhridNews
извор: „Макфакс“