Македонската кошаркарска репрезентација претрпе пораз во одлучувачкиот натпревар за пласман во најдобрите осум на континетот. Во изедначен и до крај неизвесен натпревар актуелниот првак Русија успеа да не` совлада со 71-69.
Димитар Мираковски ја имаше меч топката но ударот на бекот си поигра на обрачот и излезе. Избраниците на Јовица Арсиќ немаа решение за 215 см високиот Мозгов кој мечот го заврши со 25п и 11 скока. Перо Антиќ со 19 поени и 11 скока беше најдобриот поединец во нашиот табор.
По овај пораз Македонија со биланс од две победи и четири порази го заврши настапот на Евробаскетот.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com