Прототип на пловечка нуклеарна електрана се проектира во Русија и ќе биде готов следната година. Се работи за челична платформа со два реактори кои ќе и даваат струја на Газпром, најголемата Руска нафтена компанија.
Тие ќе вршат експлоатација на нафта и природен плин во Баренцовото Море. Платформите ќе имаат сопствен погон и склад за отпад и погонско гориво. Сервисирање ќе биде потребно на секои 12 до 14 години. Истовремено еколозите предупредуваат дека некоја хаварија или испуштање на нуклеарен отпад во водите ќе имаат катастрпофални последици.