Рускиот претседател Дмитриј Медведев потврдил дека руските власти имаат намера да го забранат коцкањето во Русија. Сега има наредба со која мора да се затворат сите коцкарници и кафулиња во кои може да се коцка. Даночните служби ќе го спречуваат секој обид за нелегално коцкање.
Владините портпароли изјавија дека ситуацијата е под контрола. Тие кои ќе сакаат да отворат клуб за коцкање ќе мора да добијат дозвола од Московските власти. Еден сопственик на коцкарница изјави дека со ова коцкањето нема да престане и дека тој и неговите пријатели ќе се коцкаат на мир во добро скриените клубови кои ќе никнат во Москва и околината.