Русија ќе биде домаќин на Светското фудбалско првенство во 2018 година. Ова е прв пат најголемата европска земја да добие организација на едно вакво натпреварување. – Благодараме што ни ја доверивте организацијата на Мундијалот. Ве уверувам дека не згрешивте и заедно ќе ја испишеме историјата – рече Игор Шавалов од руската делегација.


Мундијалот во 2022 година ќе се одржи во Катар. – Благодариме што верувавте во нас и што ни дадовте шанса да бидеме дел од светскиот фудбалски крем. Нема да ве разочараме – порачаа од катарската делегација.

Ohridnews