Со усвојувањето на „Законот Магнитски“ во американскиот конгрес, Русија ја прошири црната листа на американските државјани на кои ќе им биде забранет влезот во оваа земја.

Според претседателот на Комитетот за меѓународни работи во Думата на Русија, Алексеј Пушков, на црната листа моментално се наоѓаат 60 луѓе кои се вмешани во кршењето на човековите права во воената база Гвантанамо и затворите на ЦИА во Европа.

На листата поделена во три категории, се наоѓаат истражните судии, членовите на Министерството за правда и агентите на специјалните служби кои кривично ги гонеле и осудувале руските државјани.  Во другите категории спаѓаат американските конгресмени кои го иницирале законот и родителите кои ги злоставувале посвоените деца од Русија.

Инаку, пред околу една година, на контраадмиралот на воената морнацра на САД, Џефри Хербесон, не му беше доделена виза за престој во Русија.

OhridNews