Репрезентацијата на Русија ни одржа уште една фудбалска лекција. Во рамките на квалификациите за пласман на ЕП, на стадионот на Локомотив во Москва Русија ја совлада Македонија со убедливи 3:0.
Поразот на Македонија можеше да биде уште поубедлив ако домаќините не се испромашеа, а на нашиот гол не беше одличниот Милошески кој спаси неколку чисти гола. Сепак се’ можеше да биде поинаку доколку во 73 минута при резултат 1:0 за Русија, Игор Митрески го реализираше пеналот што беше направен врз Мазнов, по кој домашниот голман заработи црвен картон.
Митрески промаши, а Русија со десет фудбалери до крајот преку Аршавин и Кержаков ја потврди победата која ги остава во игра за пласман на ЕП. На Македонија веќе в среда и претстои натпераварот со Естонија во кој ќе играме без Пандев и И. Митрески кои на мечот со Русија го заработија вториот жолт картон.
Г. Момироски