Судирот на македонската фудбалска репрезентација со селекциите од поранешниот СССР продолжува неделава.
Откако викендов русите не вратија во фудбалската реалност ( не дека не ја знаевме) шанса за подобрување на атмосферата во тимот и но и нарејтингот имаме веќе в среда кога во Скопје гостува Естонија.

Репрезентацијата нема да се подготвува во својата база во Охрид, туку мини подготовките ќе ги реализира во Скопје.

Естонците ни се стари познаници, а веќе со нив одигравме на почетокот од квалификациите за пласман на ЕП кога славевме во Талин со 1:0.Сепак во Скопје нема да биде нималку лесно бидејќи ќе играме без Горран Пандев и Игор Митрески кои на мечот со Русија заработија втор жолт картон.

Г.М.