Светскиот првак Русија го освои бронзениот медал на Европското Првенство што се игра во Македонија. Подмладениот руски тим ја совлада Германија со резултат 24-21.

Русија со оваа бронза освои медал на сите првенства од 2004 година па наваму.
 
Германија која настапи без најдобриот стрелец Грит Јурак, останува без медал на Европските првенства.

М.П.