За руската амбасада во Вашингтон, апсурдни се тврдењата на американскиот Стејт департмент, околу вмешаноста на Москва во кибер нападите на клучната инфраструктура во Украина.
Соопштено е оти Русија е подготвена за рамноправен, професионален и неполитизиран дијалог со САД за безбедност на информации.
Таквите тврдења се апсурдни и нереални. Нашата земја никогаш не учествувала во кибер агресија. Тоа е во спротивност со принципиелниот став на Русија, се наведува во соопштението, јавија руски медиуми.
Од амбасадата нагласија дека Русија е посветена на користење информациско-комуникациски технологии, исклучиво за корист на развојот на глобалната заедница.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно ја обвини Русија, дека кон крајот на февруари годинава, започнала кибер напади на комерцијални сателитски комуникациски мрежи, со цел да ги поремети украинската команда и контрола. Според него, ова влијаело на други европски земји.
OhridNews