Русија подготвува декрет за реципрочни визни мерки со кои ќе се ограничи влезот на граѓаните на „непријателските земји“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Во моментов се подготвува нацрт-претседателски декрет за визни возвратни мерки во врска со непријателски дејствија на голем број странски земји, рече Лавров.
Лавров потенцираше дека актот ќе воведе низа ограничувања за влез на територијата на Русија. Лавров оцени дека САД и нивните сојузници „очигледно“ објавиле тотална хибридна војна против Русија.
OhridNews