Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили уништиле големо количество воена опрема од САД и европските земји наменети за Украина во близина на железничката станица Богодухов во областа Харков.
Министерството соопшти дека во текот на ноќта се нападнати 18 украински воени објекти, вклучително и три складишта за муниција во Дачное, во близина на пристаништниот град Одеса.
Руската противвоздушна одбрана синоќа соборила 17 украински беспилотни летала, три ракети Точка-У и девет ракети Смерч, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.
OhridNews