*Агенцијата Стандард и Пурс го намали кредитниот рејтинг на Русија на ЦЦ од ЦЦЦ минус поради тешкотии со отплата на долгот поради меѓународните санкции. Агенцијата соопшти дека санкциите ги намалиле достапните девизни резерви на Русија и го ограничиле нејзиниот пристап до глобалниот финансиски систем.

* Голем број европски политичари предложија Володимир Зеленски да биде номиниран и да ја добие Нобеловата награда за мир за 2022 година, се наведува во нивното писмо објавено на специјалната веб-страница nobelprizeforukraine. Актуелни и поранешни политичари, европратеници, го повикаа норвешкиот Нобелов комитет да ја преиспита процедурата з а номинирање за Нобеловата награда за мир за 2022 година и да го продолжи рокот за пријавување за да има време на лустата да се додаде и Володомир Зеленски.

*Руската војска се повеќе напаѓа цивилни објекти во Украина, а во исто време опаѓа моралот на руските војници, изјави синоќа висок претставник на американската одбрана.

Забележавме зголемување на нападите врз цивилна инфраструктура, цивилни цели“, изјави неименуваниот функционер, пренесува Хина. Во исто време, додаде тој, моралот меѓу руските војници во некои делови на фронтот опадна.

*Неколку ракети утринава ја погодиле фабриката за поправка на авиони во украинскиот град Лавов, во западниот дел на земјата. Градоначалникот Андриј Садовиј соопшти дека нема жртви во нападот, а уништена е фабричката зграда така што работниот процес е во прекин.

*Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличкјо утринава разговараше со специјалниот дописник на „Скај Њуз“ од главниот град на Украина, веднаш по повеќекратното гранатирање на населба од главниот град, укажувајќи на штетата, што, наводно, била предизвикана од ракета.

*Повеќе од два милиони бегалци влегоа во Полска од Украина од почетокот на инвазијата, соопшти полската погранична служба, прецизирајќи дека повеќето се жени и деца. Претходно, портпаролот на Агенцијата за бегалци при ОН рече дека постои загриженост во Полска дека земјата „почнува да ја достигнува точката на пукање во однос на бројките“.

*Руската државна телевизија РТ (поранешна Раша Тудеј) нема повеќе да може да емитува програма во Велика Британија откако регулаторното тело „Офком“ по итна постапка и ја одзеде лиценцата. РТ денеска соопшти дека британскиот медиумски регулатор Офком неправедно му ја одзел дозволата за емитување програма, поради конфликтот во Украина, па го обвини дека не е ништо друго, освен алатка на британската Влада.

*Папата Франциск во порака за конференцијата „Европски католички социјални денови“ во Братислава кажа дека „војната во Украина е перверзна злоупотреба на власта за нечии лични интереси“.

OhridNews

извор. МИА