Русија тврди дека уништила противракетни системи „С-300“ во Украина што Киев ги доби од една европска држава, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, како и дека руските сили собориле два авиони „Су-25“.

Руското МО тврди дека ракети „Калибар“ лансирани во неделата уништиле четири лансери „С-300“ сокриени во хангар во предградие на Дњипар.

Во нападот биле погодени 25 украински војници, тврдат воените власти во Москва.

Притоа руската страна не наведува од која европска држава се испорачани системите „С-300“.

Словачка која донираше свои противракетни системи „С-300“ вчера ги отфрли информациите дека се погодени нивните ракетни системи односно дека руските информации се лажни.

Руското МО уште соопшти за два соборени воени авиони „Су-25“ во близина на градот Изјум како и уништување на две складишта со муниција од кои едното во близина на градот Миколајев во јужниот дел на Украина.

OhridNews