Русија ќе го продолжи нејзиното учество во црноморскиот договор за житото, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
Руската Федерација смета дека добиените гаранции во моментов изгледаат доволни и продолжува со спроведувањето на договорот – Иницијативата за безбеден транспорт на жито и храна од пристаништата на Украина („Црноморската иницијатива“), суспендиран по терористичкиот напад во Севастопол, се вели во соопштението на Министерството.
Договорот за испорака на жито беше потпишан на 19 јули во Истанбул под покровителство на Турција и ОН и овозможи извоз на милиони тони жито, заробени во украинските пристаништа за време на руската офанзива врз Украина.
Русија во саботата објави дека го „суспендира“ учеството во договорот, откако го обвини Киев дека е одговорен за нападите со беспилотни летала врз нејзината флота на Крим. Според Москва, нападите биле извршени користејќи го „хуманитарниот коридор“ во Црното Море за извоз на украинско жито.
Од друга страна, Украина тврдеше дека Русија користи лажен изговор за да не го спроведе договорот.
OhridNews