Русија се повлече од мировните преговори со Јапонија и ги замрзна заедничките економски проекти околу спорните Курилски Oстрови поради санкциите што и ги воведе Токио поради Украина, што предизвика реакција од Јапонија.

Русија и Јапонија се уште официјално не ги завршиле непријателствата од Втората светска војна поради конфликтот околу островите познати во Русија како Курилски Острови и во Јапонија како Северна територија. Островите беа окупирани од Советите на крајот на Втората светска војна.

Во сегашните околности, Русија нема намера да ги продолжи преговорите со Јапонија за мировен договор, соопшти руското Министерство за надворешни работи, наведувајќи ги „отворено непријателските ставови“ на Јапонија и обидите да се „наштети на интересите на земјата“.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека силно се спротивставува на одлуката на Русија, нарекувајќи ја „неправедна“ и „целосно неприфатлива“.

Минатата недела Јапонија ги објави плановите за укинување на трговскиот статус на најповолна нација на Русија, проширување на опсегот на замрзнување на имотот на руската елита и забрана за увоз на одредени производи.

Лани, претседателот Владимир Путин рече дека и Токио и Москва сакаат добри односи и дека е апсурдно што не постигнале мировен договор.

OhridNews