Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката на Финска и Шведска да влезат во НАТО може да го претвори арктичкиот регион во меѓународно бојно поле.

Рускиот дипломат Николај Корчунов изјави дека Шведска и Финска претходно биле одговорни за безбедноста на Арктикот, но нагласи дека нивниот влез во НАТО воопшто нема да придонесе за мирот и безбедноста во арктичкиот регион.

Гледаме дека меѓународната воена активност се зголемува на Арктикот. Постои таканаречена интернационализација на воените активности. Ова е, се разбира, многу вознемирувачки тренд што го претвора Арктикот во меѓународна арена на воени операции. Тоа не може а да не не’ загрижи, рече Корчунов.

Тој, меѓудругото, нагласи дека фактот што Шведска и Финска се неутрални држави придонесе за мирот и стабилноста во регионот на Арктикот.

Традиционалните политики на Финска и Шведска, политиките на неврзаност, одамна создадоа цврста основа за мир и стабилност во овој дел од светот. Потенцијално е малку веројатно дека пристапувањето на овие земји во НАТО ќе придонесе за оваа цел, заклучи рускиот дипломат.

OhridNews