Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ) на Русија и ја одзема организацијата на Светското првенство во 2022 година.
Турнирот требаше да се одржи на лето во 10 руски градови: Москва, Санкт Петербург, Калининград, Јарослав, Казан, Екатеринбург, Уфа, Новосибирск, Кемерово и Краснојарск.
Во моментов, ФИВБ ги истражува опциите за организација на Светското првенство во друга земја.
Претходно Франција прва, а по неа повеќе други држави се заканија со бојкот на Мундијалот доколку домаќин остане Русија.
OhridNews