Русија најави санкции против 287 пратеници во Долниот дом на британскиот парламент како одговор на санкциите што Велика Британија ги воведе против пратениците во Државната дума.

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека британската Влада на 11 март санкционирала 386 пратеници на Државната дума, поради што ќе бидат воведени поединечни ограничувања за 287 членови на британскиот Долен дом, јавија локалните медиуми.

На списокот, меѓу другите, е и претседателот на Долниот дом на британскиот парламент, Сер Линдзи Хојл.

OhridNews