Делегација на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) би можела да ја посети нуклеарната централа Запорожје на почетокот на септември, изјави денеска рускиот постојан претставник во меѓународната организација во Виена, Михаил Улјанов.

Рано е да се зборува за детали, сите тие се многу чувствителни прашања, ние разговараме и ќе продолжиме да зборуваме за модалитетите на мисијата, рутата, бројот на луѓе кои ќе бидат вклучени, колку долго ќе останат во објектот, за какви задачи се испратени таму, истакна Уљанов на онлајн брифингот.

Тој додаде дека во однос на времето на посетата, предвидувањата не се секогаш точни, но тоа може да се случи на почетокот на септември, освен ако не постојат некои „странски фактори“ што не се поврзани со целите и задачите на МААЕ.

OhridNews