Русија постигна договор за истражување на планетата Венера во заедничка мисија со САД, изјави шефот на руската државна вселенска агенција „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин.
Постигнавме договор со Американците за заедничка мисија на Венера. Заедно полесно ќе ги надминеме предизвиците, економски и технички. Ваквите проблеми полесно се решаваат со користење на знаењата на нашите научници, додаде Рогозин, не прецизирајќи кога би можела да почне мисијата.
Најблиската планета до нас, Венера по големина е слична на Земјата, но нејзината површина е обвиткана со дебели облаци и поради огромниот ефект на стаклена градина, нејзината површина е неколку стотици Целзиусови степени повисока од оваа на нашата планета.
Русија првпат најави мисија на Венера лани, со првични датуми на лансирање летало меѓу 2027 и 2029 година. Неодамна, и Обединетите Арапски Емирати објавија намери да ја истражат оваа „сестринска планета“.
OhridNews