Русија како реципрочна мерка нареди затворање на конзулатите на Летонија, Литванија и Естонија во земјата и побара од вработените во дипломатските претставништва да ја напуштат државата, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението МНР прецизира дека се затворени латвиските конзулати во Санкт Петербург и Псков, естонскиот Конзулат во Санкт Петербург и неговата Канцеларија во Псков, како и Конзулатот на Литванија во Санкт Петербург, Летонија и Естонија неодамна наредија затворање на два руски конзулати, додека Литванија го протера рускиот амбасадор од Вилнус.

Одлуките беа донесени како реакција на случувањата во Буча кои западните земји ги сметаат за злосторство извршено од руската страна, што Москва го отфрли како намерна провокација на Киев.

OhridNews