Русија е прва земја во светот која регистрираше вакцина против корона вирусот Ковид 19, изјави денескa рускиот претседател Владимир Путин по состанокот со владата, пренесуваат светските агенции.
Првата регистрирана вакцина против Ковид 19 заеднички ја развиваа истражувачкиот институт „Гамалеја“ и министерството за одбрана на Русија.
Клиничките испитувања на вакцината започнаа на 18 јуни и сите 38 доброволци развиле имунитет.
Путин во изјава за RT (Rusia Today) рекол дека вакцината ја примила и неговата ќерка. Таа по вакцинацијата имала блага температура која брзо и се симнала.
Рускиот претседател изрази надеж дека брзо ќе почне масовното производство на првата вакцина против Ковид 19, нарекувајќи ја важен чекор за целиот свет.
OhridNews