Руската амбасада во САД ја осуди одлуката на Вашингтон да го снабдува Киев со муниција со осиромашен ураниум.
Одлуката на американската администрација да испрати муниција со осиромашен ураниум во Киев е јасен знак на нечовечност, соопшти Амбасадата на Русија и предупреди на ризиците поврзани со „подвижните радиоактивни облаци“ предизвикани од ова оружје.
САД најавија помош од милијарда долари за Украина, што треба да даде „нов поттик“ за контраофанзивата на Киев. Воениот дел од оваа помош во износ од 175 милиони долари предвидува испорака на муниција со осиромашен ураниум.
Употребата на муниција со осиромашен ураниум е контроверзна поради токсичните ризици за војската и населението.
Во соопштението од Руската амбасада се истакнува дека Вашингтон „одбива да го прифати неуспехот на така наречената контраофанзива на украинските вооружени сили“.
OhridNews