Легендарниот турски голман Рушту Речбер го напушти оддолението за интензивна нега откако неговата здравствена состојба значително се подобри.
Речбер беше префрлен на интензивна нега и приклучен на респираторна машина после наглото влошување на здравствената состојба. Докторите успеаја да го вратат во нормала голманот кој е заразен од коронавирусот. Добрите вести за голманот ги потврди сопругата која редовно ја информира јавноста.
Рушту е добар. Неговото здравје е сега стабилно. Ситуцијата ќе биде многу подобра. – инфомираше сопругата на турската фудбалска легенда, Исил.
Се претпоставува дека токму од сопругата се заразил Рушту. Таа, кога се вратила од САД не ги испочитувала мерките за карантин од 14 денови и побрзо се вратила во својот дом.
OhridNews