Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни се приклучи во големата дебата околу кој е подобар фудбалер помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси, Руни направи интересна споредба и го одбра Меси пред Роналдо, иако со Португалецот во составот заедно ја освоија титулата во Лигата на Шампиони во 2008 година.
Покрај моето пријателство со Кристијано, јас би го избрал Меси. И тоа е од истата причина бидејќи сакав да ги гледам Чави и Сколс. Тие играа мирно, не се сеќавам дека Меси некогаш ја удрил топката најсилно што може. Роналдо е немилосрден во казнениот простор, вистински убиец. Но, Меси ќе те мачи пред да те убие. Со Меси едноставно имате впечаток дека тој секогаш се забавува. – изјави Руни.
Роналдо и Меси на самиот врв во светскиот фудбал се повеќе од една деценија и дефинитивно уште многу активни и поранешни фудбалери ќе треба да дадат свој глас и објаснување, за конечно да се докаже кој е подобар. До тогаш ќе уживаме во нивните мајстории.
OhridNews