Англиската фудбалска асоцијација (ФА), го навлече гневот на фудбалерите откако во петокот вечерта после првиот позитивен тест на коронавирусот ги прекина првенствата и сите фудбалски активности. Позитивен на коронавирусот беше менаџерот на Арсенал Микел Артета. Најгласен во критиките беше Вејн Руни, кој буквално распали по челниците во англискиот фудбал.

  • Зошто чекавме до петокот? Требаше Артета да се зарази и потоа да се донесе одлула за одложување? За играчите, вработените и нивните семејства ова беше загрижувачка недела,недела која ни покажа недостиг на лидерство во владата, во ФА и во Премиер лигата. Потоа на итниот состанок конечно беше донесена исправна одлука, дотогаш се чувствуваше дека ние фудбалерите во Англија сме третирани како морски прасиња. Знам како се чувствувам, ако некој од моето семејство се инфицира тоа ќе биде затоа што јас сум морал да играм тогаш кога не е безбедно. Сериозно мора да размислам уште еднаш дали сакам да играм повторно. Никогаш нема да им простам на властите. Останатите спортови, тенис, формула 1, голф, фудбалот во другите земји, се беше откажувано, а нас ни беше кажано дека треба да продолжиме. Многу од нас фудбалерите си помисливме дали ова е нешто поврзано со парите. – револтирано изјави Руни.

Легендата на Манчестер Јунајтед и англиската фудбалска репрезентација моментално настапува за тимот на Дерби Каунти предводен од Холанѓанецот Филип Коку.

OhridNews