Неочекуван пресврт се случи во таборот на Манчестер Јунајтед, од каде стигнуваат информации дека напаѓачот Вејн Руни ќе остане на Олд Трафорд и по разговорите со Сер Алекс Фергусон деновиве ќе потпише нов петтогодишен договор, со што тој ќе стане најплатениот играч на островот.


Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед ги повика на трепение своите навивачи, најавувајќи дека во најбрз можен рок ќе го реши случајот Руни.  – Имавме неколку состаноци во клубот, по кои се ќе биде познато, ги молиме навивачите да бидат стрпливи – се вели во соопштението од клубот.


“Колин ти прости но ние НЕ“ – му порачаа навивачите на Руни

Вчера околу педесетина навивачи на Јунајтед се собраа пред домот на англискиот репрезентативец со намера да прикачат транспарент на кој пишувало „Ако заминеш во Сити , ти си мртов човек“. Сепак според последните информации Руни не мрда од “црвениот“ дел на Манчестер.

OhridNews