Денот после големата победа на Манчестер Јунајтед над Челси во Лигата на Шампиони, во таборот на “црвените ѓаволи“ стигна ладен туш откако суспензијата на Вејн Руни на два натпревари беше потврдена од ФА.


Вејн Руни со хет-трикот на мечот со Вест Хем му донесе вредна победа на ѓаволите но по постигнувањето на третиот погодок,  англичанецот се упати кон камерата и со псовки и погрдни зборови го прослави погодокот.


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед ќе ги пропушти натпреварите со Фулам во Премиер Лигата и 1/2 финалето од ФА Купот на Англија.

Мх.П.