Некогашниот голгетер на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни со еден потег го реши мечот помеѓу ДС Јунајтед – Торонто во рамките МЛС лигата во САД. Англичанецот на средината од првото полувреме маестрално погоди од слободен удар. Погодокот на крајот од натпреварот се покажа пресуден, а Руни уште еднаш ги покажа своите способности.

За Руни ова е шести погодок на последните пет натпревари и неговиот клуб ДС Јунајтед е на добар пат да обезбеди пласман во плејофот.

OhridNews