Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни прстот за двете изгубени финалиња во 2009 и 2011 година во Лигата на Шампиони од Барселона го впери во менаџерот Сер Алекс Фергусон. Голгетерот смета дека тактиката на Фергусон била сосема погрешна и оти фудбалерите не требало и не биле подготвени за надигрување со Барселона.
Секогаш е тешко за клуб како Реал Мадрид да почне натпревар со тактика: ’ќе ја предадеме топката’ и истото е и со Јунајтед. Но, загубивме две финалиња со Барса на Гвардиола со обид да играме пресинг и тоа беше самоубиствена тактика. Се сеќавам дека Алекс Фергусон кажа: ’Ние сме Јунајтед и ќе нападнеме’ и не верував што слушам. Сите фудбалери знаеја дека тоа е погрешна тактика и дека ја напуштаме стратегијата која ни донесе успех во полуфиналето во 2008 и двапати бевме надиграни. – стои во колумната на Руни за весникот „Сандеј Тајмс“.
Во 2009 година во финалето во Рим, Барселона славеше со 2-0 додека две години подоцна каталонците во финалниот натпревар во Лондон триумфираа со 3-1. Манчестер Јунајтед со Руни во составот ја освои титулата во 2008 година совладувајќи го Челси на пенали во Москва.
OhridNews