Данскиот тенисер Холгер Руне тренираше со Шпанецот Рафаел Надал пред турнирот „6 Кингс Слем“.

Не можев да барам повеќе, одличен тренинг, напиша Руне на своите социјални мрежи.

Ревијалниот турнир ќе се одржи од 16 до 19 октомври во Ријад (Саудиска Арабија). На него ќе учествуваат и Србинот Новак Ѓоковиќ, Шпанецот Карлос Алкараз, Италијанецот Јаник Синер и Русинот Данил Медведев.

Претходно, 38-годишниот Надал најави дека ќе се пензионира во ноември оваа година. Последниот турнир на 22-кратниот победник на Грен слем ќе биде Дејвис купот.

OhridNews