Две години по обновувањето, детското игралиште кај каналот Студенчишта повторно е целосно руинирано. Речиси ниту еден, од поставените нови реквизити во 2016 година со кои беа заменети старите, не се во употреба, а дел од нив кои сеуште се користат се опасни поради нивната нестабилност и оштетеност.

Во повеќе наврати од страна на родители е апелирано до локалната власт да изврши санирање на игралиштето кое е со идеална местоположба или во спротивно да се затвори за да не се случат несакани последици, бидејќи ова е едно од најомилените детски катчиња за најмладите охриѓани и оние кои го посетуваат градот.

Игралиштето кое првенствено се изгради со донација на Телеком откако беше оштетено, повторно беше обновено и ставено во употреба во 2016 година, во рамки на заедничкиот проект на локалната самоуправа и Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје.

OhridNews