Старата руинирана куќа на улицата „Богомилска“ се уште претставува опасност за минувачите. Жителите од налелбата кои секојдневно поминуваат покрај разрушениот објект, стравуваат за својата и за безбедноста на нивните деца. Тие до сега повеќе пати реагирале до надлежните органи, но без резултат. Се надеваат дека нивниот апел испратен преку медиумите ќе биде сериозно сфатен и одговорните согласно законот ќе им наложат на сопствениците, доколку ги има, да ја  санираaт  руинираната куќа, во спротивно тие очеклуваат опасноста да ја отстрани општината.


Руинираната куќа на „Богомилска“ и натаму  опасна за минувачите

OhridNews