Оваа куќа која се наога веднаш до црквата Св. Никола – Долна влашка маала, претставува вистинска опасност за граѓаните кои минуваат тука. Ѕидовите попуштаат, покривот одамна се распаднал, а внатрешноста е вистинска депонија.


За жал во Охрид постојат повеќе објекти што се во слична состојба. Еден таков има и во непосредна близина на основното училиште „Христо Узунов“ каде неодамна беа затекнати неколку ученички во друштво на зависници од дрога.

-Постапката за уривање на овој објект заврши, но се појавија сопствениците од странство кои замолија да им биде оставен одреден рок сами да го извршат уривањето, на што локалната самоуправа се согласи. Им дадовме рок од 10 дена, по што доколку сопствениците не го урнат објектот, тоа ќе го направи локалната самоуправа, информираат од општина Охрид.

OhridNews
фото: Васко Бујароски