Португалскиот чувар на мрежата Руи Патрисио е првото засилување на Жозе Мурињо во италијанскиот калчолигаш Рома.
Руи Патрисио во екипата на Рома ќе се пресели од англискиот премиерлигаш Вулверхемптон.
„Волците“, пак, местото голман ќе го пополнат со Хосе За кој треба да ги помине медицинските прегледи во клупската болница.
- Атлетико Мадрид го претстави Родриго де Пол
Шпанскиот првак Атлетико Мадрид го претстави Родриго де Пол како најново засилување на „Ванда Метрополитано“ стадионот.
Де Пол во шпанскиот клуб ќе се пресели од Удинезе, во трансфер вреде 35 милиони евра.
Аргентинецот внимането на Диего Симеоне го привлече со добрите игри во Италија и пред се во дресот на „гаучосите“. Де Пол беше еден од најдобрите фудбалери во составот на Аргентина кој успеа да триумфира на Копа Америка.
OhridNews