Членот на Јувентус, Даниеле Ругани е еден од десеттина фудбалери и спортски работници кои се заразени со коронавирусот во италијанскиот фудбал. Дефанзивецот после позитивниот тест веднаш беше префрлен во самоизолацијата, а сите луѓе во Јувентус беа во карантин до извршувањето на потребните тестови. Ругарни се јави од карантин со охрабрувачка порака, која е повеќе од потребна за италијаните, кои, се најпогодени од смртоносниот вирус.

Добар сум. Немав симптоми кои обично се чувствуваат и рутинската контрола покажа дека сум заразен. Имав среќа. Се надевам дека им помогнав на луѓето да се свестат затоа што не се работи за обична настинка или слично, туку за опасен вирус. Сакам јавно да им се заблагодарам на сите за пораките и поддршката. –рече Ругани.

Фудбалерот на Јувентус откри како го поминува времето сам во четири ѕидови.

Го прегледав цел „Нетфликс“. За филм го препорачувам „Мишап“, кој добар трилер и трае доста долго. – заврши Ругани.

Девојката на Ругани, Мишела Персико на социјалните мрежи се огласи со позитивен тест. Таа напиша дека се чувствува добро и ќе ги следи препораките од докторите во карантинот.

OhridNews